дома Живот Кој е Балканскиот Принц Стефан Чернетиќ

Кој е Балканскиот Принц Стефан Чернетиќ

214
0
АКЦИЈА

Црнојевиќи се мост помеѓу две династии! Практично говорејќи ако имате почеток и крај на мостот никогаш нема да го прејдете. Црнојевиќи се таа средина и тоа баш златна! Златна затоа што сметам дека оваа голема династија впрочем ги превела средновековните црногорци во денешни! Да не беа тие мислам дека црногорската историја би била слична на останатите покорени држави.

Она што би го рекле правниците а што е “крунски доказ” и што го поврзува со Црнојевиќи е царскиот документ кој го издава Царица Марија Терезија од 1. март 1715. година на претците на неговата мајка со кој потврдува директна поврзаност со династијата.Со самото тоа во неговите вени тече и крв на Византиските динасии Комнина, Палеолог но и на Скендербег третиот син на Иван Црнојевиќ. На тој начин он се смета за Принц на Македонија но и Албанија

Принцот Стефан Чернетиќ денес е светски човек, тој живее на релација во повеќе европски и светски метрополи а неговото живеалиште е во Монте Карло. Меѓу останатото тој организира хуманитарни настани помагајќи им на луѓето од Балканот во дијаспората и во државите од каде што потекнуваат неговите претци. Зборува повеќе светски јазици и високо е образуван. Тој чуствува дека неговата мисја е да им помогне на народите од каде што потекнува. Тоа и го чини во последните десет години поактивно. На многумина на Балканот им е познат, но сеуште има такви кои не чуле за него.

Со овој текст ќе се обидеме накратко да ви го претставиме Балканскиот Принц со неизбежни податоци за неговото потекло и претците.

Како историчар невозможно е да се согледуваат Немањиќи и целиот период до 16. век доколку не би се занимавале и со една мала држава која своевремено Вукан најстариот син на Стефан Немања ја доби од својот татко, значи – со Зета. Можеби историјата на таа мала држава, кога велам мала, мислам исклучиво на нејзината големина во однос на државата на Немањиќите. Во однос на Млетачката или Дубровничката република Дукља, Зета или Црна Гора би била огромна територија. Во духовен поглед реално би можела да се спореди со било која светска држава! Јунаци и Јунаштво, култура, книжевност, војни и краеви, чест и достоинство согледано низ поединците би можеле да го ставиме во самиот врв на човековата мисла и човековото постоење на земјата. Во слободна споредба со било кој или што, откако е светот и векот и пишани трагови. Секако секој на прво место би бил, помеѓу останатото, до денес најубав човек на Православната Црква Владиката Петар II Петровиќ Његош кој со своето ненадминато книжевно дело “Горски Вијенац” спаѓа и денес во самиот врв на светската книжевност, духовност, култура. Другото големо Његошево дело “Луча Микрокозма” е и сега под големо око на светските научници и истражувачи. Неговиот внатрешен и скриен смисол можеби најдобро може да се осети во тишината на Острошкиот или манастирот Ражевиќи или каде и било каде што човекот пребива во љубов со Творецот. Цел на овој текст не е Његош и неговата огромна историска и цивилизациска улога. Но ми се чини дека да се пишува за овој висок, слободоумен и голем народ не иде без Његош. Тој е единствениот неизбежен. Меѓутоа Његош не е единствен кој го осетил “теретот” на тие исти непокорни висови и врвови под својот врв.

Скоро секогаш во својата петнаесто-годишна работа во просветата, посебно во средните училишта и во работата со деца кои имаа изразит талент и се интересираа за историја, се “заплашував” од прашањето:”а зошто името се менува во Црна Гора?” Секако тоа заплашување не доаѓаше од незнаење или недостаток на време туку од проста причина затоа што приказната за Црна Гора истовремено говори и за Црнојевиќи – последната средновековна династија која ја преживеа косовската битка но го надживеала и падот на Српската деспотовина 1459. година и продолжила да живее ќе се испостави до денешни денови!А приказната за Црнојевиќи е и приказна за Немањиќи но и приказна за Петровиќи последната црногорска династија! Значи Црнојевиќи се мост помеѓу две династии! Практично ако имате почеток и крај на мостот никогаш нема да го прејдете. Црнојевиќи се средина и тоа баш знлатна! Златна затоа што сметам дека оваа голема династија заправо ги превела средновековните црногорци во денешни! Да не беа тие мислам дека црногорската историја би била слична на останатите покорени држави воопшто и дека нејзините почетоци тешко се наоѓале во вековните турски вилаети. Пренесувајќи војно, културно но и историсјко наследство Црнојевиќи се можеби запоставени или би рекол помалку изучувани од споменатите две династии. Како што тоа кај нас обично бива. Секако мојата цел не е политиката и ставање на било која страна туку аналитиката и историјата. На крајот мислам дека слободата на изборот е најголем дар кој Бог им го дарувал на луѓето, а како ја сакам и ценам својата, туѓата усште повеќе! А на тој начин секако со необориви историски докази би можеле да кажеме дека сме полетале од ист цвет пред многу векови.

Елем, се обидов во овој прв дел да кажам дека мојата приказна за Црна Гора и на оние горе споменатите деца секогаш била приказна и за Црнојевиќи, затоа што името Црна Гора е исклучиво врзано за нив. Приказната за Црна Гора е секогаш приказна и за Црнојевиќи и обратно. Тоа најдобро се гледа на денешното феноменално решение на црногорскиот грб, каде покрај двоглавиот бел орел симболот на Немањиќи и Црнојевиќи, е присутен и лав, оргиналното решение на династијата Петровиќ.

По некоја божја промисла до мене пред некое време дојдоа две книги на одлични италијански историчари,публицисти и истражувачи од современата генерација. Првата се вика “Царската куќа на Чернетиќи-што е еден од многуте називи за Црнојевиќи” а другата “Свети Ѓорѓе и свети Цар Константин Велики – Историја на витешките редови”. како се обидував а не успеав да ги најдам преведени се ослонив на еден пријател кој ми ги преведе како што најдобро умееше.

Немам намера да ги прераскажувам овие две книги затоа што тоа би потрјало а и ќе се појават преведени кога тогаш. Она што ме мотивираше е сосема логичниот и историски след на случувањата, одлично поткрепен со документи а кој води до сегашните потомци на оваа знаменита династија Принцот Стефан Црнојевиќ. Првиот син на офицерот на кнезот Онорат и грофицата Снежана Аврамовиќ. Има брат Никола кој од својот брак со Даниела Лунгхинијева има син Александар роден во 2009. година и иден наследник на куќата Црнојевиќ. Инаку самиот Стефан е роден 29. април 1960. година во Трст а крстен е во православната Црква на Свети Спиридон. Денес живее во повеќе земји Монако, Франција или Италија и Белград. Високо е образуван, не е оженет, и се занимава со продукција и новинарство.

Она што би го рекле правниците а што е “крунски доказ” и што го поврзува со Црнојевиќи е царскиот документ кој го издава Царица Марија Терезија од 1. март 1715. година на претците на неговата мајка со кој потврдува директна поврзаност со династијата. Со самото тоа во неговите вени тече и крв на Византиските динасии Комнина, Палеолог но и на Скендербег третиот син на Иван Црнојевиќ. На тој начин он се смета за принц на Македонија но и Албанија. Оправдано .Не би се занимавал со целата лоза затоа што тоа побарува време а и секој кој е заинтересиран тоа лесно ќе го најде, може да биде дури и на интернет. Она што е многу значајно и неоспорно е дека е зачетник на самата лоза Зетски властелин Илија чиј син Ѓураѓ Илијиќ се споменува во периодот помеѓу 1326. година и 1362. година на дворот на Стефан Дечански и Царот Душан као челник што била голема феудална титула на тогашниот српски двор. Треба да се спомене дека и третата личност на Српската црква патријархот Арсеније III Чарнојевиќ – Црнојевиќ (1674-1690) – Патријарх Пеќки и Српски кој благодарејќи на указите на Австрискиот Цар Леополд I ја обновил организацијата на Српската Црква во рамки на Австриската Империја што можеби при крајот на 17. век и почетокот на 18. век била една од главниоте причини за опстанокот на Српската Црква во нејзиниот изворен светосавски облик, која е и тогаш и сега нерасакинливо поврзана со опстанокот на српкиот народ. Подоцна на српскиот црквен собор во Карловци одлучено е да се остане во канонско единство со Пеќката патријаршија. Леополдовите привилегии од 1690.,1691. и 1695. година ќе ги потврди и Јосиф I, Карло VI и на крајот Марија Терезија која со горе споменатиот указ признава постоење и крвна линија на династијата Црнојевиќ. Во подоцнежните времиња има повеќе познати докази кои водат до денешниот Принц Стефан Чернетиќ.

Првата книга која е печатена во светот била Гутенберговата библија од 1455. година. Како династијата Црнојевиќ во континуитет владеела со Црна Гора до 1498. година исклучиво на нив им припаѓа заслугата за печатење на првата книга на овие простори Октоиха (Првогласник) од јануари 1494. година! Имало уште неколку и сите се печатени на Кирилица така што нивниот придонес во очувувањето на кириличното писмо е немерлив. И да се вратиме на почетокот Стефан Немања рекол :”Нородот кој ќе ги изгуби своите зборови, престанува да биде народ“.

Ненаметлив, тивок и достоинствен Принцот Стефан Црнојевиќ на прв поглед во себе ја има таа брдско-планинска-племиќка линија која е исклесана со вековниот камен на црногорските непокорно-непокорени висови и тешко достижни врвови која ретко се појавува во цртите на луѓето и нивните карактери и големини.

Денес тој е успешен, светски човек кој сака, и мора да им помогне на народите со кои неговите претци владееле или подобро кажано не спасувале од тешките времиња. Полната смисла се гледа сега кога народната срж е сочувана но и кога државноста е обновена а човечката свест зачувана и спремна за сите времиња. Можеби неговата улога е да со својата личност во која ги обединува владетелите на овие простори, во повеќе стотини години човечко и судбинско страдање, без обзир на вера и нација да ги поврзе и обедини во мера во која помеѓу нив никогаш веќе не би била пролеана крв.

Сепак она што е најзанчајно низ принцот Стефан Црнојевиќ и неговиот брат, Црнојевиќи живеат ! И дури ќе живеат. Барем додека не ја исполнат својата мисија како и нивните претци.

А тогаш ќе дојдат нови !

Историчар Жика Ракиќ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here