дома Балкан Драгиша Милетиќ кај Васко Евтов: Мене како Србин во Македонија ми е...

Драгиша Милетиќ кај Васко Евтов: Мене како Србин во Македонија ми е нјадраго да остане името Македонија, но мора да се преговара

559
0
АКЦИЈА

Претседателот на Српската напредна странка во Макеоднија Драгиша Милетиќ и советникот на премиерот Зоран Заев за малцински прашања синоќа беше гостин во емисијата во центарот на Васко Евтов. Тој одговараше на прашањата на брзозборестиот Васко Евтов.

Милетиќ рече дека нему како Србин во Македонија би му било најдраго да остане името Македонија но дека мора да се преговара, тој нагласи дека не е се така едноставно и дека постојат разни притисоци а во меѓувреме Грција е голем играч и е подржувана од повеќе центри во овој спор. Милетиќ рече дека доколку не се изнајде прифатливо решение за името, Македонија може и да ја снема, бидејќи сме свесни какви се аспирации има кон Македонија. Тој рече дека Зоран Заев е храбар лидер кој се решил да се фати во коштец со проблемот за решението за името,за што ни еден друг лидер досега немал храброст.

Запрашан од Васко Евтов дека тој е советник за национални малцинства а албанците ги обвинуваат србите за геноцид, тој рече дека секој може да зборува што сака, но дека тоа не е така. Србите не се геноциден народ и тоа историчарите добро го знаат, и јас можам да кажам за некого дека е убиец но доколку тоа не е така, јас ќе ги сносам последиците. Исто така во таа смисла рече дека не треба да се создава омраза помеѓу различните национални заедници и само со сорабтка може да се оди напред. Тие што создаваат омраза во случај на некој конфликт први би побегнале од државата.

Милетиќ нагласи дека е добро што конечното решение ќе оди на референдум за народот да може да се изјасни за конечната одлука. Сепак народот ќе одлучи за своето име.

На провокотавните прашања од Евтов во врска со командатот Хоџа, дека доколку тој останел советник ќе требале да делат иста канцеларија, Милетиќ одговори дека Командантот Хоџа е во Танушевци а тој во Скопје така да не би се сретнале.

Милетиќ понатаму нагласи дека ова е болно прашање за македонскиот народ но дека Македонија мора да излезе од изолираноста зошто би останала гетоизирана доколку не се преговара за изнаоѓање на решение кое исто така безбедносно би ја сочувало Македонија од можни опасности на тој план. Милетиќ ситуацијата ја спореди и со притисоците кои Александар Вучиќ ги трпи за решавање на проблемот со Косово и Метохија на кого не му е лесно да преговара за тој проблем, така и на Зоран Заев не му е лесно но сепак мора да праговара за изнаоѓање на решение кое би не извело од изолираноста.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here