дома Балкан Градоначалничката на Битола денес положи свежо цвеќе во паркот покрај саат кулата...

Градоначалничката на Битола денес положи свежо цвеќе во паркот покрај саат кулата во спомен на загинатите војници во 2001

519
0
АКЦИЈА
SONY DSC

Битолчаните Влатко Миленковски и Благојче Силјановски и Пеце Матичевски од општина Новаци, се тројцата воени резервисти, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот Корпус, кои во двојна заседа загинаа на 5 јуни 2001 година, во близина на селото Гајре, на раскрсницата од патот за Шипковица, во долината на реката Пена. Денес, се навршуваат 17 години од загинувањето на македонските бранители. Во нивна чест, Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, заедно со повеќе делегации положија свежо цвеќе пред споменикот „Анѓел” во паркот кај Саат кулата и кај споменикот подигнат на просторот во поранешната касарна. Во нивна чест, беше организиран и Меморијален турнир во мал фудбал, насловен:„Влатко, Благојче и Пеце 2001″.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here