дома Балкан (Видео) Екслузивно со Бобан Јовановиќ по обвинувањата од таблоидот Информер: Јас не...

(Видео) Екслузивно со Бобан Јовановиќ по обвинувањата од таблоидот Информер: Јас не го рушам Вучиќ, Вучиќ се руши самиот

486
0
АКЦИЈА

Во интервјуто со Бобан Јовановиќ меѓународниот хуманитарец и советникот на претседателот на Српската напредна странка во Македонија Драгиша Милетиќ и исто така советник на претседателот на Републиканската странка во Србија Никола Сандуловиќ, разговаравме отворено за прашања кои ја засегаат Србија, Македонија и лично за него по објавувањето на текстот во српскиот таблоид Информер каде е обвинет дека од Скопје ја руши власта во Србија, поточно претседателот Александар Вучиќ.

Како што Балкански глас на вистината објави пред некое време по таа хајка на таблоидот Информер Бобан Јовановиќ доби закани по живот од непознати броеви со префиксот од Косово. За сето тоа се огласи и претседателот на Републиканската странка на Србија Никола Сандуловиќ во соопштение за јавноста каде што оштро ги осудува заканите кон неговиот советник и изразува сомнеж дека сето тоа е смислено од оние кои се на власт во Србија бидејќи заканувачките пораки гласеле дека ако уште еден пат го спомене името на Александар Вучиќ ќе заврши како Оливер Ивановиќ.

Бобан Јовановиќ кој е жив и здрав, весел, видно расположен и без страв по заканите, прифати да даде интервју за Балкански глас на вистината.

За неговиот случај по нападите од таблоидот Информер пишуваше и Јутарњи гласник кој откри повеќе информации за досегашната работа на Бобан Јовановиќ.

Бобан Јовановиќ вели дека неговото поактивно учество во политиката ќе зависи од заканите кои ги прифаќа без страв, па како вели, дека дури и мотивирачки делуваат на него во одбраната на достоинството и човечките вредности и права.

Погледнете го интервјуто кое Јовановиќ екслузивно го даде за Балкански глас на вистината

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here