Борбени авиони на воздухопловните сили на Италија и Грција, во соработка со воздухопловството на Војската на Црна Гора, ќе започнат во вторник, 5. јуни, редовно патролирање на воздушниот простор на Црна Гора и негова заштита, и тоа со показна вежба приземјување на “летало-натрапник”, пренесува РТЦГ.
Како е соопштено од Министерството на одбрана на Црна Гора, мисијата за заштита на воздушниот простор претставува еден од најзначајните облици на директна корист од членството на Црна Гора во НАТО.