Премиерот Зоран Заев изјави денес дека сеуште не разговарал преку телефон со грчкиот колега Алексис Ципрас за можното решение околу прашањето за името на Македонија, но рече дека, кога договорот ќе биде постигнат, ќе биде потпишан на Преспанското езеро како што двата премиера се договориле во Давос во јануари.
“Потпишувањето ќе биде обавено тука, тоа е желба уште од Давос. Аспектите за кои министрите за надворешни работи на двете земји дискутираат би требало да се трансформираат во правен документ, додека премиерот Ципрас и јас би требале да дојдеме до договор”, рече Заев во изјавата за новинарите.