Израелскиот дневник Јерусалем Пост објави коментар под наслов “Хрватското оживување на неофашизмот”, а во текстот на авторот Мајкл Фројнд се истакнува дека хрватска е “дом можеби на најголемото и највеќе опфатното оживување на неофашизмот во минатите децении” во целата Европска унија.
“За сметките на растот на тоа движење и се погласното присуство во јавниот живот на Хрватска, и заканата која ја претсавува за Западниот Балкан и пошироко, западните и европските официјални лица направиле малку како би го осудиле овој загрижувачки тренд”, пишува Јерусалем Пост, кој комеморацијата кај Блајбург ја наведува како истакнат пример на модерниот хрватски неофашизам.