дома Балкан (Видео) Поповски: Секој физички или вербален напад врз новинарите ќе биде санкциониран

(Видео) Поповски: Секој физички или вербален напад врз новинарите ќе биде санкциониран

427
0
АКЦИЈА

Секој напад врз медиумските претставници, физички или вербален, ќе биде најостро осуден и санкциониран, тоа е нашиот придонес и заложба за враќање на достоинството на новинарската професија и создавање услови за професионално извршување на задачите на новинарите и медиумите, изјави денеска министерот за транспарентност и отчетност, Роберт Поповски.

-За оваа влада не постои оправдување за никакви притисоци, закани уцени врз новинарите и медиумските работници за било каков обид за загрозување на медиумските права и слободи. Ставот на владата е неколку пати афирмиран, 0 толеранција за било каков обид за загрозување на слободата на говорот и изразувањето, рече Поповски.

Тој истакна дека јасно и отворено како влада ги осудуваат сите напади врз новинари кои се случиле во изминатиот период поради кои, според него, Република Македонија била обележана како заробена држава.

-Република Македонија беше квалификувана како заробена држава поради крајно загрижувачките извештаи за слободата на медиумите и изразувањето во државата. Новинарите беа заплашувани, уценувани, затворани, неформално осудени на живот во постојан страв од политичката и институционалната одмазда поради професионалното извршување на својата работа. Правдата беше селективна и не важеше подеднакво за сите, а со молкот на надлежните институции дополнително се поттикнуваше стигматизирањето на новинарите, рече Поповски.

Министерот за транспарентност и отчетност, апелираше до Јавното обвинителство и судовите да постапуваат максимално професионално и да ги преземат сите мерки што се во нивна надлежност за секој напад или закана против медиумските работници.

Превземено од МАКСФАКС

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here