дома Балкан Кој е таинстваениот „странскиот агент кој го руши Вучиќ“

Кој е таинстваениот „странскиот агент кој го руши Вучиќ“

750
0
АКЦИЈА

Во викенд изданието на Информер се појави слика на таинстваениот Бобан Јовановиќ, опишан како координатор на странските служби на Балканот и разузнавач, кој со подршка на ЦИА од Македонија раководи со операцијата за свргнување на претседателот на Србија Александар Вучиќ и властите во Србија.

Информер наведува дека во операцијата се вклучени повеќе луѓе кои се политички непријатели на актуелниот претседател и кои ја имаат подршката на македонскиот премиер и американските службеници на Балканот.

Бобан Јовановиќ синоќа се огради со своја изјава дека веќе подолго време не се занимава со политика во Србија и не живее таму, не плаќа данок и нема право да гласа и одлучува кој ќе биде на власт.

Неодамна е именуван за советник на претседателот на СНС Македонија вест која Балкански глас на вистината екслузивно ја објави а Јутарњи гласник ја пренесе таа вест, па по трагот на таа информација Јутарњи гласник дознава уште информации за дотичниот „таен агент“.

Се занимавал со политика во својот роден град Ќуприја уште како млад и бил член на СПО за подоцна да го формира покретот за Ќуприја и поминал во Нова демократија на Душан Михајловиќ, каде што многу брзо станува висок функционер и член на претседателството на партијата. Со доаѓањето на Нова демократија на власт после 5. октомври 2000. преминува да живее во Белград.

Јовановиќ пред 2000. година бил и меѓу останатото новинар на радио Слободна Европа и имал специјална обука во центарот во Будимпешта, кој бил под управа на тогашниот амбасадор на САД Вилијам Монтгомери, каде е обучуван како да ја сруши власта на Слободан Милошевиќ.

Изворот на Јутарљи гласник наведува дека Монтгомери него лично го уфрлил во информативниот совет на тогашниот ДОС.

Како сопственик на радио станицата ТИР и уредник на ТВ Немања, медии кои ја покривале територијата на централна Србија влијаел да се изврши влијание на околу пола милион гледачи пред изборите 2000. а да се потсетиме дека 400.000 гласови тогаш пресудија во корист на ДОС.

Изворот на Јутарњи гласник наведува дека партискиот другар од Нова демократија Тахир Хасановиќ, тогашниот главен кадар во Владата на Србија го поставил за кадар за централна Србија и дека бил задолжен за сите именувања во тој дел на Србија.

По убиството на Зоран Џинџиќ, Јовановиќ се повлекол од политиката, но се знае дека се занимавал со политички маркетинг и дека 2008. учествувал во кампањата на Томислав Николиќ, а 2012. бил еден од креаторите и учесниците во кампањата на Покретот на работниците и селаните на Зоран Драгишиќ.

После тоа се сели на Малта и станува член на неколку меѓународни организации и темпларски редови.

Бил дури и секретар на епископот на СПЦ од Виена, a 2016. организирал неколку хуманитарни мисии во Африка.

Една од мисиите била во Гамбија каде, поуздано се знае, дека ја обучувал опозицијата и дека по неговиот двомесечен престој во таа африканска земја дошло до смена на диктаторот на Јемен кој повеќе од 20. години владеел со Гамбија. Создал организација на отпорот и ги едуцирал како да спроведат избори.

Како член на Ист вест Бриџ, испостава на Трилатералата , на Малта го донел и Јован Ковачиќ и му организирал средба со државниот врв и претставниците на Малтешкиот темпларски ред. Јован Ковачиќ покрај Тахир Хасановиќ е познат масон, така да нивните врски се зановаат на тајни состаноци и планови.

Изворот на Јутарњи гласник долго и добро го познава Бобан Јовановиќ и тврди дека е тој многу добро инфилтриран во меѓународните организации кои под маската на хуманитарна работа вршат влијанија и менуваат влади во цел свет.

Неговото присуство на Балканот во последните неколку месеци е покриено со тоа што Агенцијата за подршка на цивилната одбрана од Женева го поставила за регионален претсавник за Западен Балкан. За свој центар го избрал Скопје а неговиот стар пријател Драгиша Милетиќ го именувал за советник во СНС Македонија за меѓународни контакти и соработка.

Нивното пријателство датира уште од 2004. година, Кога Милетиќ беше претседател на Демократската партија на Србите и Македонците.

Изворот на Јутарњи гласник наведува дека Јовановиќ е експерт за политички маркетинг и дека на Малта учествувал како советник на Лабуристите 2013. кои тогаш доаѓаат на власт после 23 години опозициона работа.

Иако покрај изјавата дека политиката во Србија не го интересира, не можеме да бидеме сигурни дека е тоа така и дека не постои врска меѓу него ио Вук Јеремиќ, кој во време на неговиот мандат во Обединетите нации стана амбасадор на добрата воља, наведува Јутарњи гласник.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here