дома Балкан Марија Милошевиќ измамена при продажба на стан од 800.000 евра

Марија Милошевиќ измамена при продажба на стан од 800.000 евра

514
0
АКЦИЈА

Марија Милошевиќ, ќерката на Слободан Милошевиќ и Мира марковиќ, води постапка против Никола Антиќ, бившиот директор на ГАК Народен фронт и член на ЈУЛ, заради измама,пишува “Данас”.

Банката Интеза објави вчера оглас во дневните новини во кој заради долговите на докторот Никола Антиќ, јавниот извршител го продава недвижниот имот во сопственост на Антиќ на Дедиње во Белград. Во тоа не би имало ништо спорно освен, по сознаниата на листот Данас, парцелата и објектите кои се на продажба да не се предмет на судска постапка која против Антиќ ја покрена Марија Милошевиќ, тврдејќи дека тој со измама дошол во посед на нејзиниот имот.

Марија Милошевиќ, спрема пишувањата на медиите, на Никола Антиќ пред шест години му продала стан од 250 квадрати за 800.000 евра, но тие пари никогаш не и биле исплатени. На истата адреса тој отворил и гинеколошка ординација. Во меѓувреме земал крадит, западнал во долгови, па недвижноста отишла под хипотека, а Др Антиќ веќе одавно не живее на таа адреса.

Марија Милошевиќ во постапката против Антиќ ја застапува канцеларијата на Зденко Томановиќ. Освен кривичната пријава која е поднесена против докторот Антиќ, канцеларијата Томановиќ поднела пријава и против банката Интеза заради незаконита продажба на имот чија сопственост сеуше не е судски утврдена.

Спрема неофицијални сознанија на листот Данас, Антиќ на баката и должи повеќе од два милиони евра заради што банката се обидува да ги продаде петте парцели кои се наводно во негова сопственост.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here