дома Балкан Грција не оди кон поспецифични преговори за името доколку прво не се...

Грција не оди кон поспецифични преговори за името доколку прво не се смени Уставот

265
0
АКЦИЈА
Greece’s Prime Minister Alexis Tsipras meets the President of the Hellenic Republic, Prokopis Pavlopoulos, in order to inform him about the negotiations with former Yugoslav Republic of Macedonia on the name issue, at Presidential Mansion, Athens, Greece on May 19, 2018. / Συνάντηση του πρωθυπουργού Αλέξη Τσίπρα με τον Πρόεδρο της Δημοκρατίας Προκόπη Παυλόπουλο προκειμένου να τον ενημερώσει για τη διαπραγμάτευση με την ΠΓΔΜ σχετικά με το ζήτημα του ονόματος, Προεδρικό Μέγαρο, Αθήνα, 19 Μαΐου 2018.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас на лидерите на грчките политички партии во телефонскиот разговор им ја повторил владината позиција за сложено име за севкупна употреба, уставна ревизија и спроведување на истата како предуслов за интеграција во меѓународните организации, соопштуваат од неговиот кабинет.
Во однос на името, Ципрас ги известил претседателите на партиите дека владата не оди кон поспецифични дискусии, доколку прво не се исполнети предусловите.

– Грчкиот премиер го потенцираше неопходниот предуслов за уставна ревизија кај соседот, што ќе елиминира секаков вид на иредентизам, но и потребата за спроведување на уставната ревизија како основен предуслов за интеграција во меѓународните организации. Премиерот ги извести политичките лидери во врска со името, дека позицијата на владата е да не оди кон поспецифични дискусии, доколку прво не се исполнети горенаведените предуслови, соопштуваат од кабинетот на Ципрас во однос на телефонските разговори со лидерите, без да има дополнителни детали со кого разговарал и каков одговор добил од неговите соговорници.

Од грчката опозициска Нова демократија, соопштија дека лидерот на партијата, Кирјакос Мицотакис и вчера имал телефонски разговор со Алексис Ципрас.

Превземено од Независен весник

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here