дома Балкан Вучиќ: Никогаш не сум чул приговор од Путин за орјентацијата на Србија...

Вучиќ: Никогаш не сум чул приговор од Путин за орјентацијата на Србија кон ЕУ

59
0
АКЦИЈА

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во интервју за германскиот весник „Рајнише пост“ рече дека од рускиот претседател Владимир Путин никогаш не слушнал приговор за српската орјентација да постане членка на Европската унија.

Тој со тие зборови одговори на прашањето на весникот да ги објасни традиционално тесните односи на Белград и Москва и да ли тие би можеле да постанат препрека во пристапот на Србија во ЕУ.

„Јас со рускиот претседател Владимир Путин сум се сретнувал толку мнгу пати, како скоро ни еден друг европски политичар, и ниеднаш од него не сум чул приговор против српската желба за членство во ЕУ. Членството на Србија во НАТО, секако, би било проблем за Русија, но тоа прашање не се поставува, затоа што Србија сака да остане војно неутрална“, рече Вучиќ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here