дома Балкан Наставничка од „Владо Тасевски“ нападната од директорката и уште една колешка –...

Наставничка од „Владо Тасевски“ нападната од директорката и уште една колешка – закани, навреди и пцовки пред основците

247
0
АКЦИЈА

Закани, навреди и процвки пред очите на основците од Владо Тасевски. Поранешна директорка, сега наставничка обвинува дека е физички и вербално нападната од директорката и од професорката по историја. Вели дека денеска добила закани по живот поради стар спор помеѓу нив.

„Дојде директорката Елка Даскалова, ме повика, и реков дека не можам да ги оставам децата. Му нареди на обезбедувањето да ги причува децата. Отидов во нејзината канцеларија, таму ја видов Катерина Божиновска, таа беше во Управен одбор кога јас бев директорка. Не знаев што се случува, ми рече дека гркланот ќе ми го скинат“ – вели Ирена Кофиловска – наставничка во ОУ Владо Тасевски.

Кофиловска дека Стевче Јакимовски ја разрешил кога ја сменил политичката страна, а откако судот ја вратил назад постојано била тортурирана од актуелната директорка и професорка по историја. По овој настан, Кофиловска повикала полиција.

Речиси два часа полицијата разговараше со директорката и со професорката по историја. Иако директорката, преку училишното обезбедување, ни најави изјава, сепак на крајот се предомисли и ни порача одговори да бараме од општина Карпош. Од општина Карпош ги осудуваат денешните настани и велат дека учениците не смеат да бидат сведоци на кавги меѓу наставниот кадар, ниту пак, на изјави и комуникација која е под секое човечко достоинство и култура.

„По денешниот инцидент, се преземаат активности за лоцирање на одговорноста, со цел да се спречат идни вакви случувања, во било кое училиште или градинка на територија на Карпош. Како првична мерка, несоодветниот кадар ќе биде отстранет од одржување на наставата и од едукација на деца. Нема да биде толерирано ниту едно поведение кое е на штета на учениците, родителите и наставата во училиштата“ – се вели во одговорот од општина Центар.

И професорката по историја Катерина Божиновска во телефонски разговор рече дека ќе поразговара со нас, но откако полицијата си замина – повеќе не ни одговори на телефонските повици. Нашата екипа зад камерите поразговара и со учениците за однесувањето на професорките. Основците на кои им предаваат Кофиловска и Божиновска велат дека ниту едната, ниту другата не се однесуваат недолично на часовите и дека двете имаат коректен однос со нив.

Превземено од 1 Tv

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here