Хашим Тачи изјави дека е можно германската канцеларка, Ангела Меркел да организира негов состанок со претседателот на Србија Александар Вучиќ, и дека тоа би била “порака дека се иде побрзо напред”.
Рече дека со канцеларката во Берлин разговарал и за престојниот самит на ЕУ и земјите од Западниот Балкан, и дека Меркел работела на тоа Косово на тој самит да се третира равноправно со другите.
“Косово сега се претставува како и другите земји во регионот. Исто така можем да потврдам дека на самитот ќе биде и Меркел, затоа што без неа самитот не би имал смисла”, рече Тачи и додадедека за него не претсавува проблем состанок со претседателот на Србија Александар Вучиќ, со кој како се изјасни, ќе бидат во иста сала.