дома Балкан Ѕинго му дојде на ручек на Мицкоски иако неговите пратеници му помагаат...

Ѕинго му дојде на ручек на Мицкоски иако неговите пратеници му помагаат на СДСМ во Собрание

475
0
АКЦИЈА

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во текот на вчерашниот ден оствари работен ручек со претседателите и претставниците на политичките партии од коалицијата За подобра Македонија.

Меѓу нив беше и Љубисав Иванов-Ѕинго од Социјалистичката партија, иако неговите пратениците беа во фокусот на јавноста минатата недела кога му помогнаа на владејачкото мнозинство да обезбеди кворум на пленарната седница.

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба, како и во однос на процесот за изнаоѓање на решение за името со кој раководи владата на Република Македонија. Заедничка беше согласноста дека Владата не споделува информации и процесот на преговори за името го води на максимално нетранспарентен начин што одава впечаток дека се крие нешто од очите на јавноста. Токму затоа произлегува потребата од лидерска средба на која премиерот и министерот за надворешни работи би информирале за детали околу разговорите за името. Коалициските партнери изразија и загриженост за политичкиот терор кој го практикува власта, базиран на страв и владеење со уцени и заплашувања, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Превземено од IPORTAL

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here