Руската федерација е најпринципиелен чувар на меѓународното право во БиХ од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор и никогаш од ниедно официјално лице на таа земја не можело да се чуе, ни јавно ни тајно, ништо спротивно на меѓународното право и самиот договор, изјави претседателот на РС Милорад Додик.
Додик ги отфрли сите невистини, шпекулации и конструкции кои ги изнесе политичкиот аналитичарr од берлинскиот Совет за демократизација Бодо Вебер за хрватскиот порталl “Indeks” во врска со наводната сецесија на Српска и наводните разговори на таа тема со Русија.