дома Балкан Да ли да очекуваме ново, овојпат тивко заладување на односите помеѓу Србија...

Да ли да очекуваме ново, овојпат тивко заладување на односите помеѓу Србија и Македонија

78
0
АКЦИЈА

Македонскиот премиер Зоран Заев и неговата сопруга Зорица Заева, вчера беа на гости кај Рамуш Харадинај.

Средбата не беше најавена, но Харадинај на својот Фејсбук профил сподели фотографија и напиша дека заедно со Заев ќе работат за добрососедски односи меѓу Македонија и Косово.

„Со мојата сопруга Анита ги пречекавме пријателот Зоран Заев и неговата сопруга Зорица во нашиот дом. Заедно ќе работиме за подобрување на соседските односи на двете земји“ – напиша Харадинај.

Како ќе биде доечакана оваа вест во Србија со оглед на тоа дека Србија го бара Харадинај за воени злосторства врз србите. Да ли после оваа домашна средба да очекуваме ново заладување на односите помеѓу Србија и Македонија слично на она минатата година кога Србија ги повлече своите дипломати од Амбасадата во Скопје.

Да ли овој потег на Зоран Заев е навистина во духот на добрососедските односи со Србија? Се спрема ли нова дипломатска криза?

Извори на Балкански глас на вистината велат дека со овој потег премиерот Зоран Заев отворено се ставил на страната на Косово во спорот со Србија. Понатаму велат дека ништо добро во иднина не може да се очекува во односите помеѓу Србија и Македонија. Србија Косово го смета за своја јужна покраина и не ја признава едностраната прогласена независност и трвди дека Рамуш Харадинај има извршено злосторства над српски цивили за што има распишано и потерница по него, така да оваа домашна посета на Зоран Заеав кај Рамуш Харадинај е само потврда на тезата дека владата на Македонија никогаш не била искрена кон Србија во намерите и политиките кои ги спроведува. Србија го има изгубено адутот кој го имаше во рака за повлекувањето на признавањето на Р. Македонија под уставното име со преговорите помеѓу Скопје и Атина за промена на името, со кој се обидуваше како со механизам да ги одврати македонските власти да застанат на страната на Косово за гласањата за прием во меѓународните организации. Единствено нешто кое во нареднот период може да се очекува е ново тивко заладување на односите помеѓу Србија и Македонија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here