дома Скопје Градот Скопје ќе потроши приближно 8400 евра за кампањи за оџачари и...

Градот Скопје ќе потроши приближно 8400 евра за кампањи за оџачари и екстермни спортови

419
0
АКЦИЈА

За сума од

169.491 денари или приближно 2800 евра, без ДДВ, Градoт Скопје бара економски оператор кој ќе изработи и спроведе кампања за развој на спортот во главниот град, односно за а
фирмација и поддршка на нови и помалку присутни екстремни спортови. Носителот на набавката е должен да изработи концепт за промоција преку видео-спотови, анимиран банер за веб-страница, летоции и визуелен дизајн.
За истата сума, Градот бара агенција која ќе изработи и ќе спроведе кампања за зазеленување на Скопје која ќе се вика „Дрво за секое дете“. Понудувачот, покрај останатото, треба да состави идејно решение за изработка на плочки, на кои ќе бидат запишани имињата на децата, со кои ќе бидат обележани дрвјата. Во техничките спецификации се бара и креативен концепт за кампањата „Пријави исечено стебло“, за што понудувачот треба да достави видео-спот, лого, банер…

Третиот оглас е за кампања за промоција и обука на 30 оџачари. Агенциските услуги кои ги бара Градот, треба да бидат спроведени во 3 фази во кои влегуваат медиумско покривање и обука. Сумата е иста – 2800 евра, без вклучен ДДВ. Критериум за доделување на набавките е најниската цена. Огласите на електронскиот систем за јавни набавки се објавени во ист ден.

(Makfax)

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here