дома Балкан Споемник на антифашистичката борба секојдневна мета на хулиганите

Споемник на антифашистичката борба секојдневна мета на хулиганите

91
0
АКЦИЈА

На Булеварот Илинден помеѓу бензиската пумпа на Макпетрол и фудбалското игралиште Локомотива се наоѓа споменик на антифашистичката војна каде што на 22 август 1941. година. на повикот на КПЈ е формиран скопскиот партизански одред за борба против бугарскиот и германскиот окупатор.

Екипата на Балкански глас на вистината разговараше со постар жител од околните згради кој ни раскажа како никој од надлежните не води сметка за споменикот и како млади хулигани го скврнават секојдневно.

Човекот кој сакаше да остане анонимен за Балкански глас на вистината вели дека секоја вечер кај споменикот се собираат хулигани кои пијат алкохол, палат оган и дури уринираат по споменикот во алкохолизирана состојба.

Истите тие го имаат испишано споменикот со автолакови и графити.

Споменикот е собиралиште за хулиганите во последните десет години. Единствено екипите на општина Карпош кои ја косат тревата и чистат покрај споменикот си ја вршат работата. Тие всушност имаат и многу работа во тој дел, бидејќи пред некое време пред самиот споменик беа довлечкани неколку контејнери за ѓубре кои беа запалени и така оставени да горат цела ноќ.

Во некои поодамнешни времиња неможеше да замисли дека нешто вакво може да се случува околу споменикот. Денес се други времиња и никој не води грижа за спомениците од Втората светска војна, тие се препуштени самите на себеси, на забот на времето и на хулиганите кои ги сквранават како во случајов, вели соговорникот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here