дома Македонија Бесмртниот полк во спомен на антифашистичката војна и оваа година во Скопје,...

Бесмртниот полк во спомен на антифашистичката војна и оваа година во Скопје, во организација на руската амбасада

417
0
АКЦИЈА

На 5 мај оваа година во Скопје Амбасадата на Русија во Македонија и здруженија на руски сонародници во Македонија ќе одржат манифестација „Бесмртен полк“. Таа манифестација е традиционален настан кој се одржува во сите градови на Русија, како и надвор од земјата во рамките на одбележувањето на Денот на Победата над фашизмот и претставува чин на сеќавање и оддавање почит на сите херои-антифашисти кои загинале борејќи се за слободата и неазвисноста на своите земји и на целата Европа.
Оваа година во рамките на настанот се планира во Скопје да се постави „Ѕид на сеќавање“ на кој ќе бидат поставени портрети на учесници на антифашистичкото движење. Ги покануваме сите кои не се рамнодушни кон меморијата за хероите кои се бореле против фашизмот да земат учество во создавањето на “Ѕидот на сеќавање” и на тој начин заедно на сите за да им потсетиме на хероите кои загинале заради нашата денеша слобода.
Сите кои сакаат да учествуваат во настанот ги молиме да испратат слики на своите роднини и најблиски кои се бореле против хитлеровите агресори во состав на армијата и на партизанските единици или кои биле жртви на наци-фашистичкиот терор на следнава електронска адреса на Амбасадата – skopje@mid.ru. Сликите заедно со информативни податоци (годините на живеење и кратка биографија) се примат до 1 мај оваа година.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here