дома Балкан Заев: Посакувам, но не верувам дека за две недели ќе се реши...

Заев: Посакувам, но не верувам дека за две недели ќе се реши спорот за името

502
0
АКЦИЈА

Градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис во петок ќе дојде во посета на Скопје, соопштија од Кабинетот на скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
Ова ќе биде прва официјална посета на атинскиот градоначалник на Скопје. Практично, Каминис ќе одговори на поканата да го посети нашиот главен град, откако во февруари Шилегов ја посети Атина.

Од Кабинетот на скопскиот градоначалник најавуваат дека Шилегов и Каминис ќе потпишат Меморандум за соработка, што беше најавено после средбата во Атина.

Првата официјална средба меѓу градоначалниците на главните градови на Македонија и Грција беше на 9 февруари во Атина. Тогаш на заедничката прес-конференцијата Шилегов и Каминис кажаа дека не зборувале за името, туку како да ја зголемат довербата меѓу граѓаните на двете земји преку реализирање на заеднички проекти.

„На оваа прва средба договоривме соработка на неколку полиња како социјалната политика, климатските промени, дигитализацијата, а во наредните недели ќе оствариме посета на Скопје каде ќе потпишеме Меморандум за соработка. Оваа наша средба создава политика на оптимизам за соработка меѓу двата града и двете земји. Знам дека има страв кај дел од граѓаните од двете страни. Двете земји ќе добијат доколку има соработка. На денешната средба не разговаравме за името, тоа е прашање кои го водат нашите земји. Ние разговаравме за соработка која ќе ја зголеми довербата меѓу двата народи“, рече Каминис по средбата со Шилегов во Атина. (Д.Т.Д.)

Превземено од Независен весник

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here