Амбасадата на САД во Сараево соопшти денес, по повод на изјавата на председавачкиот на Претседателството на БиХ Бакир Изетбеговиќ за наменската индустрија, дека се многу загрижени заради непрестанатата реторика на поделби во БиХ.
“Непрестанатата реторика на поделби во БиХ ја загрижува јавноста ширум земјата. Беше тешко да се воспостави мир во БиХ. Имајќи го во вид неодамнешното турбулентно минато на БиХ, споменување или алудирање на војна е неприфатливо”, истакнаа од канцеларијата за односи со јавноста на Амбасадата на САД во Сараево, пренесува Klix.ba.