дома Балкан Влада: Ќе има нова средба Димитров-Коѕијас, датумот не е утврден

Влада: Ќе има нова средба Димитров-Коѕијас, датумот не е утврден

482
0
АКЦИЈА

Од Владата потврдуваат дека до крајот на месецов треба да има нова средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, но точниот датум се уште не е утврден.
„До крајот на месецот ќе има нова средба, а датумот се уште треба да биде потврден меѓу министрите за надворешни работи. Се уште сме големи оптимисти, како што најавија и премиерот и министерот за надворешни работи на Република Македонија, бараме и очекуваме да најдеме решение што ќе биде достоинствено за сите граѓани“, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција во Владата, одговорајќи на новинарско прашање за информациите во грчките медиуми што ги пренесе МИА дека на 25 април во Виена ќе има нова средба на Димитров и Коѕијас со медијаторот Метју Нимиц.

Во однос на ставот на грчкото МНР дека и покрај добиената препорака од ЕК за почеток на преговорите, сепак, конечната одлука за тоа ја носи Советот на ЕУ каде Грција повторно може да блокира ако не се најде решение за името, Бошњаковски рече дека Советот во наредните шест месеци треба да се произнесе, меѓутоа се останато во однос на преговорите за името продолжува со зацртаната динамика

Превземено од Независен весник

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here