дома Македонија Одбележан денот на сеќавање на погубените во најголемиот логор на просторите на...

Одбележан денот на сеќавање на погубените во најголемиот логор на просторите на бивша Југославија Јасеновац

506
0
АКЦИЈА

Со полагање на венци на гробното поле “Топола” во спомен-подрчјето Долна Градина кај Козарска Дубица денес е одбележан денот на сеќавање на жртвите на усташкиот злостор во концентрациониот логор Јасеновац и неговото најголемо губилиште Долна Градина.

Комеморацијата почна со служење на парастос за сите јасеновачки жртви, а потоа венци на гробното поле “Топола” положија највисоките претсавници на Република Српска, предводени од претседателот на РС Милорад Додик.

Во име на институциите на Србија, венец положи претседателката на српската Скупштина Маја Гојковиќ.

Венци положија и делегацијата на јасеновачки логораши од Србија и логораши од Втората светска војна од република Српска, како и делегации на Евреи од Израел и еврејски заедници од република Српска и Роми од Република Српска.

На гробното поле “Топола” во Спомен-подрачјето Долна Градина венец положија и специјалниот претсавник на ЕУ во БиХ Ларс Гунар Вигемарк и представниците на амбасадите на Русија, САД, Германија, Холандија, Словенија и Велика Британија во БиХ, како и претсавници на ОЕБС и ОХР.

Системот на концетрациони логори Јасеновац е едно од најголемите губилишта во Втората светска војна на територијата на некогашна Југославија.

Со бројот на убиените во Јасеновац со децении се лицитира. Спрема официјалните податоци, од бивша Југославија, во Јасеновачките логори страдале околу 80.000 луѓе, а спрема декларацијата усвоена на Петтата меѓународна конференција за Јасеновац се тврди дека е убиено 700.000. И тоа 500.000 Срби, 40.000 Роми, 33.000 Евреи, 20.000 деца и 127.000 антифашисти од различни нации.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here