дома Свет НАТО го подржува нападот над Сирија

НАТО го подржува нападот над Сирија

697
0
АКЦИЈА

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја подржа војната акција на САД, Велика Британија и Франција против сиријскиот режим, оценувајќи дека тоа ќе ја намали спосбноста за понатамошни напади со хемиско оружје на сирискиот народ.

„Ги подржувам акциите на САД, Велика Британија и Франција против постројувањето и хемиското оружје на сирискиот режим. Тоа ќе ја намали спосбноста на режимот додатно да го нападне сирискиот народ со хемиско оружје“, изјави Столтенберг.

НАТО, потсети тој, доследно ја осудувал Сирија која продолжила да користи хемиско оружје и така грубо да ги крши меѓународните норми и договори.

Користење на хемиско оружје е неприфатливо, а одговорните особи мораат да сносат одговорност, се наведува во изјавата на генералниот секретар на Алијансата.

Спрема неговите зборови, НАТО смета дека употребата на хемиско оружје е закана за меѓународниот мир и безбедност и смета дека е неопходно да се почитува Конвенцијата за хемиско оружје.

„Тоа побарува заеднички и делотворен одговор на меѓународната заедница“, стои во изјавата на Столтенберг.

Танјуг

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here