дома Свет Прва реакција на Путин по воздушните напади над Сирија

Прва реакција на Путин по воздушните напади над Сирија

824
0
АКЦИЈА

САД и нивните сојузници нападнаа војни и цивилни објекти во Сирија кршејќи ги повелбите на УН и меѓународното право, без санкции на Советот за безбедност, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Ескалацијата на ситуацијата околу Сирија деструктивно влијае на севкупниот систем на меѓународни односи, рече тој.

„Русија најоштро го осудува нападот на Сирија, во земјата во која руските војници им помагаат на властите да се изборат со тероризмот“, истакна.

Тој додаде и дека русија ќе повика хитна седница на Советот за безбедност на УН како би се разгледало агресивното однесување на САД и нивните сојузници во Сирија.

Путин рече дека агресијата над Сирија доадатно ја компликува веќе тешката хуманитарна ситуација во земјата, како дека и иницира нов бран на мигранти.

Рускиот претседател нагласи дека Вашингтон со своите акции подстакнува тероризам и им носи страдање на граѓаните на Сирија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here