Машко лице денеска пукало во вработената Г.А во маркетот „Кипер“ во Чаир.
Случајот во полиција во 14:38 часот го пријавиле вработени во маркетот кој се наоѓа на улица „Кемал Сејфула“.
Г.А е пренесена на Ургентниот Центар.
Како што информираат за МИА од МВР, полицијата излегла на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.