дома Свет Седум американски авиони приметени близу руските бази во Сирија

Седум американски авиони приметени близу руските бази во Сирија

608
0
АКЦИЈА

Седум американски извидувачки авиони се приметени во близина на сириската обала и тоа во источното Средоземно море каде се разместени руските бази во Сирија Хмејмим и Тартус, пренесуваат руските медиуми.

Како се наведува, летовите на американските авиони ги забележила агенцијата за мониторинг на летови „Мил Радар“.

Станува збор за шест противподморнички авиони П-8А „посејдон“, ко полетале од авио-базата Сигонела на Сицилија, како и за еден авион за радио-електронско извидување ЕП-3Е „аријес 2“, кој полетал од грчкиот остров Крит.

Медиумите потсетуваат и дека претходно американската телевизија Си-Ен-Би-Си, повикувајќи се на неименуван извор запознаен со состојбата во Сирија, јавила оти САД размотрува да нападне осум различни цели во Сирија.

Помеѓу сотанатото, како наведе изворот, на списокот се два војни аеродроми, истражувачкиот центар, како и компанијата која е поврзана со производството на хемиското наоружување во Сирија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here