дома Свет Хитен состанок на британската Влада, министрите го прекинуваат одморот

Хитен состанок на британската Влада, министрите го прекинуваат одморот

811
0
АКЦИЈА

Членовите на британската влада ќе расправаат денеска за тоа да ли Велика Британија ќе им се придружи на САД и Франција во евентуалниот воен напад во Сирија, кој би можел западните сили и Русија да ги доведе во директна конфронтација.

Британската премиерка Тереза Меј ги повика министрите да го прекинат велгденскиот одмор како би размотриле на вонреден состанок на кабинетот како Лондон да одговори на интервенцијата на сириската влада во Дума, која Меј ја нарече „варварски напад со отровен гас“, пренесува Ројтерс.

Како се наведува, Сирија и Русија, која е најважен сојузник на Сирија во нејзината седмогодишна војна против бунтовниците, тврди дека извештајот за нападот го исфабрикувале бунтовниците и хуманитарните работници во Дума и ги оптужија САД оти тоа го користат како изговор да ја нападнат сириската влада.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here