дома Живот Гагарин

Гагарин

655
0
АКЦИЈА

„Поехали!“, Возвикна Гагарин, што значело – Идеме! Непосредно пред тоа, кога се било спремно, Сергеј Корољев, претседателот на совјетската космичка програма и главниот конструктор на бродот Восток, се јавил преку радио врска: „Возлетување! Ти сакаме добар лет. Се е во ред.“

Тоа било пред точно 57 години, во зората 12. април 1961. Рускиот космонаут Јуриј Гагарин (1934-1968) тргнал во вселената со бродот Восток 1 од пустинските степи на Казакстан. Како прв човек во космосот, Гагарин поминал 108 минути облетувајќи полн круг околу Земјата со брзина од 8 км во секунда.

Тоа утро го разбудиле во 5.30. Добил доручек и само што јадел, му помогнале да го облече атрономското одело и го однеле до ракетниот носач. Во 7.10 вклучен е комуникацискиот систем.

Ракетата Восток, односно модулот и ракетниот носач биле гигантско постројување тешко 150 тони, производ на совјетската вселенска програма. За гориво е користен керозин, а како оксидант течен кислород. Внатре во модулот во кој бил сместен Гагарин се било скромно, непријатно и тесно: Внатре можел да биде само еден астроном.

Иако со Восток се управувало од Земјата и со помош на автоматика, дваесетиседумгодишниот Гагарин во случај на проблем можел да превземе контрола над бродот. Неговата главна задача била да разговара со командата на летот и да го опишува она што го гледа низ прозорците на кабината.

„Ја гледам Земјата… Ги гледам облаците… Гледам се… И преубаво е!“, Извикувал гагарин пред што успешно се вратил на земјата. Во тек на слетувањето, како му рекол на Никита Хрушчов, си ја пеел песната Домовината слуша, домовината знае“.

Повторно се спуштил во советскиот сојуз, во руралниот дел на областа Саратов, каде луѓето го мотреле со чудење – во портокалово астрономско одело со шлем на главата полека се приземјил со падобран по катапултацијата од модулот седум километри над Земјата.

Им возвикнал на мештаните да не се плашат, оти тој е исто така Совјет. „Се врќам од вселената и ми треба телефон да ја повикам Москва.“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here