дома Балкан Едно фиќо во Загреб доби дипломатски таблици

Едно фиќо во Загреб доби дипломатски таблици

848
0
АКЦИЈА

Стар модел на автомобилот „застава 750“, популарното „фиќо“, црвена боја, заврши во возниот парк на Амбасадата на Индонезија во Загреб со дипломатски таблици.

На популарната страница на Фејсбук Закај волим Загреб се појави приказна како „застава 750“, популарното „фиќо“ станало сопственост на амбасадорот на Индонезија во Загреб.

неговиот бивш сопственик Миљенко Ханжек напиша дека неговото „фиќо“ е прво во Загреб со дипломатски таблици.

„Беше тоа пред неколку месеци. не знам да ли само проаѓаа па виделе дека ‘фиќото’ се продава или го виделе на оглас. господинот амбасадор дојде со возач, плати и си отиде. Мене ми е многу драго ‘фиќото’ да го вози и би ми било мило да дојде во нашиот клуб“, рече Ханжек за хрватскиот Јутарњи лист.

Прашан да ли му е жал, одговори дека за себе „склопува“ ново. Објаснува дека неговото бившо „фиќо“ е прво со дипломатски таблици во Загреб и во Хрватска, но, додава, не и во соседството.
Потполно исто пред две години купи Џереми Ланг, вториот секретар на британската амбасадаво белград.

„И поносно со него се возеше низ главниот град на Србија. А на улиците на Лондон во јули 2011. снимен е не ‘фиќо’, туку ‘фијат 500’ со дипломатски таблици. Дипломатите имаат разни хобиа, а собирање на старински автомобили, како што гледаме, е еден од нив“, кажа Ханжак.

Британскиот дипломат во Белград беше прв кој пред две години стави дипломатски таблици, исто така на црвено „фиќо“.

„Фиќо“, култен автомобил во целиот регион

Инаку, „фиќо“ е еден од првите градски автомобили кој почна да се произведува дамнешната 1957. година во фабриката „Застава“ во Крагујевац и ден денес има статус на култен автомобил.

Станува збор за една од иконите на бившата држава, возило достапно на работниците и симбол за влезот во потрошувачкото друштво.

Статус на икона популарното „фиќо“ има и во Италија, каде стекна светска слава. Италијанскиот „Фијат“ дури го обнови, но како возило со сите технолошки новатории.

Сепак „Фиќото“ нема АБС, нема воздушно перниче, па дури ни клима (се отвараа прозорците)… но работи како саат, пишува Јутарњи лист

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here