дома Македонија Пред клучната средба утре во Охрид: Нимиц испратил потсетник до Димитров и...

Пред клучната средба утре во Охрид: Нимиц испратил потсетник до Димитров и Коѕијас

217
0
АКЦИЈА

Медијаторот Метју Нимиц испратил писмо до министрите Никос Коѕијас и Никола Димитров спроти нивната средба утре во Охрид, која се оценува како клучна за решавање на спорот за името.Во писмото Нимиц ги навел точките по кои двете страни имаат договор и точките околу кои не се согласуваат, маркирани врз основа на нивните разговори на трипартитната средба во Виена.Канцеларијата на Коѕијас, како реакција, испратила одредени забелешки на, како што се наведува контроверзните точки наведени од медијаторот, со цел постигнување јасна слика во пресрет на охридската средба.
Грчкиот медиум News 24/7 ги анализира поглавјата по кои двете страни не се согласуваат или се очекува да попуштат. Притоа, за името е наведено дека е договорено да биде сложено со географска одредница, со забелешка дека најверојатно нема да биде слеано, а се преговара дали ќе биде преведено. Според македонски извори, пак, и двете опции веќе отпаднале.

Второто поглавје за опсегот на употреба, останува најтешко за преговарање бидејќи Македонија не сака да прави уставни измени и преговара да го задржи името Република Македонија за внатрешна употреба. Во прилог на македонскиот став се додава дека над 137 земји ја признале земјава под уставното име, меѓу кои и повеќе членки на Европската Унија, а другите, како Германија де факто и се обраќаат со Македонија.

За јазикот и идентитетот, медиумот пишува дека грчката страна индиректно признала постоење македонски идентитет кај нас , повикувајќи се на изјавата на премиерот Алексис Ципрас од декември во Белград, во која вели дека ние не сме единствените Македонци. За македонскиот јазик, пак се нотира дека е признат од Обединетите нации уште од 1977-ма година, како и акронимите и кратенките кои се признати во светската организација од 1992-ра година. Нивната замена би чинела многу и би имала големо влијание врз животот на луѓето и затоа не се очекува промената да се случи преку ноќ.

Во анализата се забележува дека од 7-те отворени прашања, не е можно едната страна да ги добие сите седум. За тоа е свесен и Коѕијас и неговиот фокус е насочен кон поглавјата што се круцијални за грчките интереси.

Превземено од Независен весник

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here