дома Балкан Зборовите на таткото на Хрватот кој 88 пати избоде трудна девојка го...

Зборовите на таткото на Хрватот кој 88 пати избоде трудна девојка го згрозија регионот

597
0
АКЦИЈА

Давид Комшиќ вчера е осуден на 30 години затвор, бидејќи ја уби трудната девојка Кристина Крупљан (18) со 88 убоди со нож. Реакцијата на неговиот татко Иво Комшиќ на пресудата беше со мал збор бесрамна.

Тој подиве кога ја слушна пресудата и скокна со сопругата Оливера и излезе од судницата. Го оттурна судскиот полицаец урлајќи: “Срамота, осудивте дете од Босна, си одам од овде, да ви е… мајка”.

Инаку овој угостител предходно, одејќи си на изрекувањето на пресудата, мајка им пцуеше и на новинарите затоа што биле дојдени да известуваат за пресудата на неговиот син.

Срамно е што едно монструозно злосторство се обиде да го намали и пресудата да ја прикаже како напад на неговиот син, затоа што е по потекло од БиХ, пишува Index.hr. Ова не е прв пат семејството Космиќ да се обидувада го релативизира судењето, а од синот да направат жртва на која и се суди затоа што е од БиХ, наведува порталот.

Оваа изјава на таткото на убиецот ја изиритира јавноста и испровоцира многу осудувачки коментари на сметка на Иво Комшиќ, како во Хрватска така и во БиХ. Мноштвото на луѓе е згрозено со таквата релавитизација на злосторството.

Ова се некои од коментарите:

– Сега таткото ја спомнува Босна… а да го осудеа во БиХ би било… Зошто е Хрват… сите го користат национализмот за некоја утеха – напиша еден читател на фејсбук порталот Klix.ba.

– А кога сте во Босна не е Босанец туку Хрват, а кога нема излез тогаш е Босанец – додаде друг.

– најверојатно му судат за најбруталното убиство, а не затоа што е од Босна! го разбирам таткото, но не ја разбирам неговата нечовечност и игнорирање на жртвата – напиша една читателка.

– Што националната припадност има со убиството на една особа, како тоа дека сега е Босанец? – пишува четврт.

– Полно сме ние децата од Босна и поносно тоа го говориме, само не колеме луѓе. Се суди спрема заслугата! – Е еден од коментарите на сајтот Net.hr.

– Босанец, Индијанец или вонземјанин свесно одземал живот некому. Мислам дека се друго е бесмислено да се коментира.

– Но како таткото и одбраната му велат, тој не е насилник ниту злосторник, а како можел 88 пати да избоде, тоа може само кога мисли оти никој ништо не му може, домашно воспитание.

– На таткото одма 5 години затвор за изјавата, а на синот да му се додадат уште 10 заради татковата изјава, затоа што постои сериозна можност таткото да направи уште еден умноболен како што е и он самиот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here