дома Балкан Вучиќ и Борисов: Најважно е да се сочува мирот на Балканот

Вучиќ и Борисов: Најважно е да се сочува мирот на Балканот

533
0
АКЦИЈА

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави по состанокот со премиерот на Бугарија Бојко Борисов Во Мостар оти е најважно да се сочува мирот и стабилноста на Балканот.

Вучиќ рече дека на состанокот по повод престојниот самит во Софија ЕУ – Западен Балкан” констатирано е дека до тоа има доста време, оти претходно може уште многу што да се деси и дека е важно да се стори се што е можно да се сочува мирот и стабилноста на Балканот.

Тој рече дека нови судири би го расипале еконосмкиот развој и се она што е постигнато во предходниот период. Вучиќ истакна дека Србија ќе биде посветена на целта на чување на мирот и стабилноста.

Тој кажа дека и бугарскиот премиер ја пофалил неговата реакција на изјавите на косовскиот претседател Хашим Тачи дека на “закните од Србија” ќе одговори со “пушки”.

“Беше некоја изјава околу пушки, Бојко ми рече: можам да си помислам дека си шкрипел со забите, но тоа што ти се испушти преку тие заби беше сосема добро, оти повика на мир”, рече Вучиќ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here