Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави по состанокот со премиерот на Бугарија Бојко Борисов Во Мостар оти е најважно да се сочува мирот и стабилноста на Балканот.
Вучиќ рече дека на состанокот по повод престојниот самит во Софија ЕУ – Западен Балкан” констатирано е дека до тоа има доста време, оти претходно може уште многу што да се деси и дека е важно да се стори се што е можно да се сочува мирот и стабилноста на Балканот.
Тој рече дека нови судири би го расипале еконосмкиот развој и се она што е постигнато во предходниот период. Вучиќ истакна дека Србија ќе биде посветена на целта на чување на мирот и стабилноста.
Тој кажа дека и бугарскиот премиер ја пофалил неговата реакција на изјавите на косовскиот претседател Хашим Тачи дека на “закните од Србија” ќе одговори со “пушки”.
“Беше некоја изјава околу пушки, Бојко ми рече: можам да си помислам дека си шкрипел со забите, но тоа што ти се испушти преку тие заби беше сосема добро, оти повика на мир”, рече Вучиќ.