дома Живот МОМЦИ, еве скромен совет како да ни пријдете…

МОМЦИ, еве скромен совет како да ни пријдете…

746
0
АКЦИЈА


Сето ова што ни се дешава денеска е од премногу гледање цртани филмови. Принцези и принцови на бели коњи. Замислени ликови во нашето главче што треба да се појават. Ама просто ги нема. Па ќе испиме по некоја пијачка и ќе тргнеме во потрага по принцезата.

Во угушена атмосфера без вентилација, додека си ја потпевнузаш во себе (родичеш ми сина, краља кокаина) и се пушташ на некоја типка. Испотени мишки од околу те гураат и те посипуваат со пијачки, а ти почнуваш да продаваш клише муабет:

„-Лепотице, ти си најубава од сите твои другарки, не знам како, но од негде си ми позната, дали можеби се знаеме?

-НЕ!

-А дали може да се запознаеме?

-НЕ, дечко те молам олабави ме.“

Одприлика еден нормален муабет у диско. После се вртиш, па пробуваш кај другарка и, и кај неа не ти пали, па кај следната… Се со истиот муабет.
Се враќаш кај другарите со муабетот ‘Да видиш какви се одвратни брат, за к*р не ги бива.‘

Е вака ли да ни се пуштате???

Како прво тешко ми е да кажам конкретна дефиниција, затоа што и самите ние уствари НЕ знаеме што сакаме. Но кога ќе ни се допадне некој, не мора да прави
евтини фори, да ни симнува ѕвезди, да пушта пијачки, ако толку ни се свиѓаш ти, сами ќе ти пријдеме….

ДА ДА… Звучи премногу смело?

Пријателе да ти кажам, во ова време денес, нас ни е страшно тешко да селектираме што чини а што не. Но доколку ни паднеш во очи,се ќе направиме!

Тука се и друтарките на помош, пријатели на пријатели секој со секого се знае. Ќе пуштиме два три реда муабет и еден флертувачки поглед и толку е.
Мамката е фрлена. Не ни требаат ружи и флаши, со добар и интелегентен муабет би поминале.

Многу типци живеат во некој измислен филм, и продаваат ефтини приказни со чашата и клучевите од кола во рака.

Па да те прашам како мислиш да ти упали фората кај градска девојка ако си и пришол со намерата да види што кола имаш и колку си ти ситуиран и речит?
Не ми е јасно што вие очекувате од средба во диско? Прстен, БРАК?

Кога за да стигнеш до шанк треба да се справиш со триста пијани манијаци, раце и лигави типци што прскаат вињак од плунката додека се обидуваат да ти кажат два збора. Кога ќе ти пријдат им труе здивот на желба ОДМА И СЕГА.

Познати муабети:

„Кажи и фала на мајка ти. Зошто? Што родила ваков прекрасен ангел ко тебе“

Ма дајј не ме је*и…

„Што вака сама, а толку убава?“

„Немаш дечко? НЕ ми се верува..“

„Да не сметам ?“ (муабет од старт со трема, недоверба)

КЛИШЕ , КЛИШЕ ,КЛИШЕ!!!

Верувајте дека интелегентен дечко кој знае што сака во животот, лесно ќе разликува сељанка од паметна девојка, ќе знае кај треба, а кај не треба да си ја
проба среќата. Па и на крај краева остави на привлечноста, нека ве понесе хемијата, или има или нема нешто во погледот.

Па има некој од нас кои се желни за љубов бре, зарем толку лесно судите по корицата кога не сте ја прочитале книгата?

Од тие калаштурите, паметните девојчиња не можат да дојдат до израз. Од тие дрските, другиве занемеа. Им стаивте на сите една иста етикета, и терате. Нема
љубов, нема муабет. И се се сведува на НЕМА.

Е зошто де???

Срдечен Поздрав,
„Девојка од Фамилија“

одговор на текстот: ДЕВОЈКИ, кажете на кој начин да ви пријдеме во диско?

превземено од камај

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here