дома Вселена 21 ГРАМ

21 ГРАМ

543
0
АКЦИЈА

Обично се верува дека после смрта, кога човекот ќе премине, неговата коса продолжува да расте и во гробот. Исто така, се смета дека е исто и со ноктите. Меѓутоа, тоа не е точно иако на многу фотографии се прикажани лешеви зараснати во коса.

Напросто, после смртта доаѓа до дехидрација, сушење на телото, а кожата во близината на влакната се собира, што остава впечаток оти влакната растат. Иако е денска веќе се познато околу самиот момент на умирање, има и други раширени заблуди околу тоа што се случува кога душата ќе го напушти телото. Некои се дојдени од самата наука.

Американскиот лекар Данкан Мекдугал (1866–1920) во 1907. година во Хаверлих во Манчестер прател умирање на шест свои тешко оболени пациенти, за кои, спрема текстот објавен во магазинот “Американска медицина”, четири боледувале од туберколоза, еден од дијабетис, а еден од непозната болест.

Имено, Мекдугал во почетокот на XX век спровел низа експерименти во кои се обидел да одговори на прашањето кое го поставил филозофот Рене Декарт – колу изнесува масата на човечката душа?

Ова прашање имплицитно подразбира цело купиште на тешко проверливи претпоставки – за тоа оти душата постои како матријален ентитет, оти можат да и се придружат опсерваблите кои можат да се мерат, оти поседува било каква маса или дека воопшто може да се подвргне на робустни експерименти. Но, Мекдугал сепак се обидел да испита што се случува при умирањето и добил одговор за тежината на човечката душа, тежина која ќе постане урбана легенда – 21 грам.

За таа цел конструирал посебна постелнина под која се наоѓал специјално направен механизам за мерење на тежината. На оваа смртна постела-вага, докторот Мекдугал воочил дека во текот на умирање доаѓа до некоја промена на тежината, за што во бројот од 10. март таа година го известил и “Њујорк Тајмс”.

Но, иако со своите четири соработници се обидел да ги елиминира последиците на потењето и другите биолошки ефекти, Мекдугал сам навел дека со големи тешкотии воочил прецизни моменти на смртта на пациентот, што било пресудно за овој експеримент.

Од друга страна, имал премала статистика, а при тоа добил шест потполно различни резултати. Но, во целиот експеримент оние кои го толкувале подлегнале на впечатоците од првиот добиен, “заокружен” резултат.

Мекдугаловите пациенти, имено, изгубиле 21 грам во првиот, по 14 во вториот и третиот, како и 10 грама во петиот тест, додека два теста не успеале заради прекасно поставување на смтникот на кревет. Ниедно подоцнежно истражување не довело до сигурен резултат.

Неколку години подоцна самиот Мекдугал без успех се обидел да направи рендгенска снимка на душата која го напушта телото, а ја мерел и тежината на 15 кучиња кои умирале, но забележал како нивната тежина не се сменила пошто издишале.

Меѓутоа, податокот од првиот Мекдугалов текст, оној оти човечката душа е тешка 21 грам, толу се проширил низ медиите и книгите што денска представува дел од општата култура. Меѓу останатото, генијалниот мексикански писател и сценарист Гиљермо Аријага го искористи и за насловот на познатиот холувудски фил од 2004. година.

Балкански глас на вистината во соработка со белградскиот портал: НАУКА КОРЗ ПРИЧЕ-НАУКА НИЗ ПРИКАЗНИ ви го пренесува интегралниот текст: https://naukakrozprice.rs/

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here