дома Забава Индијана Џоунс постанува Индијана Џоун

Индијана Џоунс постанува Индијана Џоун

183
0
АКЦИЈА

Стивен Спилберг (Steven Spielberg) сугерираше дека наредниот Индијана Џоунс може да биде жена, па така во тој случај ќе се вика Индијана Џоун (Indiana Joan).

Харисон Форд (Harrison Ford) до сега ја толкуваше улогата на Индијана, а ќе го игра и во петиот дел, кој сеуште не е објавен.

Во интервјуто за The Sun, Спилберг рече дека е можеби дојдено времто познатиот истражувач да певземе друга форма.

“Би морале да го смениме името од Џоунс во Џоун и нема ништо погрешно во тоа”, рече Стивен.

Снимањето на новото остварување на оваа франшиза ќе почне следната година, а Спилберг наведе дека на Форд дефинитвно ќе му биде последен пат да се наоѓа во оваа улога, но и дека франшизата сигурно ќе продолжи и после тоа.

Премиерата на петиот дел се очекува во 2020. година, а веќе е познато дека Шаја Лабаф (Shia LaBeouf) нема да ја репризира својата улога.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here