дома Македонија Драма во полициската станица во Драчево

Драма во полициската станица во Драчево

675
0
АКЦИЈА

Полицијата вчера спречила жена да се запали во полициската станица во Драчево, соопштија од МВР.
Инцидентот се случил околу 23 часот кога во станицата дошла 40 годишна жена од Скопје.

Таа рекла дека е во депресија и сака да си го одземе животот. Полицајците за да ја смират, во станицата го повикале и нејзиниот син.

Додека скопјанката разговарала со сменоводителот, таа извадила пластично шише со течност, се полила и со запалка се обидела да се самозапали. Полицајците и синот ја спречиле во намерата, по што со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Психијатриската болница „Бардовци“.

Извор:Независен весник

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here