дома Македонија Министерството за култура ќе ги ревизира договорите на сите вработени

Министерството за култура ќе ги ревизира договорите на сите вработени

801
0
АКЦИЈА

Министерството за култура ја известува јавноста дека нацртот на колективниот договор за вработените во културата е подготвен, откако во претходниот период се одржаа повеќе средби и консултации со претставниците на синдикатите и на установите во културата за решавање на најургентните потреби и проблеми што произлегуваат од работниот однос на уметниците и другите вработени во културата. Колективниот договор за култура, ќе го преуреди начинот на утврдување на платите на вработените во установите, а ќе се решат и други отворени прашања поврзани со правата на вработените.

Меѓу другото, договорот ќе го регулира надоместокот на трошоци за превоз од и до работното место за поголеми растојанија без редовен јавен превоз, потоа за надомест за теренска работа надвор од установата во надворешни и тешки услови, како и за надоместоци за дополнителни работи што произлегуваат од матичноста на установата. Договорот содржи и нови одредби за работно време, одмори и отсуства, одредби за безбедност и здравје при работата, како и одредби за платено отсуство при изработка на магистерска работа, докторска дисертација, уметничко доусовршување и учество на конгреси, семинари и конференции. Нацрт – колективниот договор набрзо ќе биде ставен на разгледување од страна на синдикатите и институциите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here