дома Македонија Кој е Дарко Каевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт?

Кој е Дарко Каевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт?

962
0
АКЦИЈА

Дарко Каевски е дипломиран економист, роден 09.11.1989 во Скопје, вработен како директор на Агенцијата за млади и спорт.

Тој учествува на неколку форуми и тренинзи во организација на светски познати институти како што се, ИРИ – Интернационалниот Републикански Институт, Моментум од Велика Британија, Фридрих Еберт од Германија, кадешто професионално се надградува и разменува знаења и искуства поврзани со младинските политики.

Својата кариера ја започнува во 2012 година со работа во геодетско друштво.

Во 2013 година тој е избран за член на Советот на општина КиселаВода и воедно назначен за претседател на Комисијата за локален економски развој со што директно учествува во носењето на важни одлуки за граѓаните поврзани со капитални инвестиции во општина Кисела Вода.

Во 2014та година станува потпретседател на СДММ, и ја застапува oорганизацијата како полноправен член во рамки на Националниот Младински Совет на Македонија.

Каевски поседува и сертификат од највисока чест од кинеската дипломатија.

Тој претходно е и советник во општина Кисела Вода.

Извор: Бизнис вести

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here