дома Вести Интерпелацијата за владата е веќе изготвена сабота е денот кога ќе биде...

Интерпелацијата за владата е веќе изготвена сабота е денот кога ќе биде поднесена

750
0
АКЦИЈА

Интерпелацијата со која опозициските пратеници на ВМРО ДПМНЕ ќе се вратат, во Собранието е подготвенa, а денеска ќе биде и потпишана од пратениците на ВМРО ДПМНЕ, потврдува за ТВ24 висок партиски функционер.

Планот вели истиот функционер е да биде поднесена во сабота во Собранието, за согласно роковите од три дена во вторник да се најде на собраниска седница.

Дека очекува на првата поствелигденска седница пратениците да расправаат за доверба на Владата на Зоран Заев на понеделничката координација најавил и собранискиот спикер Талат Џафери.
Ова ќе биде прва интерпелација за работат на Владата, иако ВМРО ДПМНЕ поднесе шест интерпелации за шест министри, кои никогаш не дојдоа на дневен ред, нивниот бојкот на Собранието. Според правилата дискусијата за интерпелацијата трае еден ден, а на полноќ се гласа, колку и да има уште пријавени дискутанти. За да помине интерпелацијата потребно е ВМРО ДПМНЕ да обезбеди 61 глас.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here