дома Македонија Зоран Заев на неговиот профил на FACEBOOK напиша

Зоран Заев на неговиот профил на FACEBOOK напиша

950
0
АКЦИЈА

Местото на Република Македонија е во НАТО. Ние сме одлучни во намерата да бидеме следната 30-та членка на Алијансата. Ова го истакнав на одбележувањето на Денот на НАТО, кога пред 69 години е формирана Алијансата со потпишувањето на Северно-атлантскиот Договор во Вашингтон, со кој секоја држава членка се посвети на одговорностите на колективната безбедност.

Посетата на генералниот секретар на НАТО, Jens Stoltenberg, на нашата држава, во јануари годинава, даде силен поттик на нашите НАТО аспирации. По неговото охрабрување уште поенергично се впуштивме во реформските процеси и во решавањето на билатералните проблеми.

Македонија и НАТО се блиски партнери веќе 22 години. Ова партнерство помина многу тестови и ја покажа способноста на Македонија и НАТО да се прилагодат на различни предизвици, дури и во исклучително тешки ситуации. Остануваме посветени и во иднина, ќе го зголемиме нашето учество во мировната мисија во Авганистан за 20 проценти, а секоја година ќе го зголемуваме буџетот за Армијата, за 0.2 проценти од бруто домашниот производ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here