дома Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Република Македонија стана земја каде власта не ги почитува ниту институциите,...

ВМРО-ДПМНЕ: Република Македонија стана земја каде власта не ги почитува ниту институциите, ниту Уставот и законите

648
0
АКЦИЈА

Република Македонија стана земја каде власта не ги почитува ниту институциите, ниту Уставот и законите. Правната држава е заробена од страна на СДСМ, а судството се користи единствено како алатка за политички прогон на неистомислениците, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Судството и државните институции се под страшен притисок и под контрола на човек обвинет за поткуп за што се увери и јавноста. Во Македонија веќе не се почитуваат конечни и извршни одлуки на Врховниот суд кој е највисока судска установа.

Власта со повторното апсење на веќе ослободените од притвор влева страв кај граѓаните со цел да ги онеспособи сите оние кои не се согласуваат со нивните антидржавни и катастрофални политики.

Република Македонија е заробена држава и на удар е секој еден кој си ја сака државата и не се согласува со власта. Неосновано се монтираат обвиненија само да се прикријат скандалите и криминалот на власта.

Сето ова се прави со цел да се дефокусира јавноста од погубните и катастрофални политики на владата. Македонската економија предводена од СДСМ има 0% и раст и е убедливо на последна на дното во Европа.

Планот за реформи 3-6-9 стана план за антиреформи и доживеа тотално фијаско.

Наместо реформи во правосудството добивме заробено судство. Наместо борба против корупција добивме борба за корупција. Наместо професионална администрација добивме партизирана администрација. Наместо слобода добивме монтирани случаи и погазена демократија.

СДСМ преку штетните политики целосно ги уништи македонските институции и државата, а сметката за тоа со генерации ќе ја плаќаат граѓаните на Република Македонија. Колку побрзо падне оваа власт толку побрзо Република Македонија ќе тргне на вистинскиот пат. Ќе се врати демократијата во државата, економијата ќе заживее, а реформите ќе може да се спроведат, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here