дома Вести Финансиска полиција поднесе кривична пријава против Никола Тодоров

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против Никола Тодоров

654
0
АКЦИЈА

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против поранешниот министер за здравство Никола Тодоров и против П.В., раководител на единицата за имплементација на проектот за реконструкција и доградба на објекти на јавните здравствени установи во Македонија при министерсвото за здравство. Тие се товарат за несовесно работење во службата.

Министерството во текот на 2010 година склучило договор за изведување на градежно – занаетчиски работи за болниците во Куманово, Кочани и Крива Паланка со изведувачот конструктор Инженеринг АД Сплит.

Пријавените и покрај тоа што биле запознаени и свесни за ненавременото и неквалитетно извршување на работите од страна на изведувачот во текот на 2011 не презеле активности за наплата како и не побарале продолжување на рокот на важност на банкарската гаранција во износ од 3.813.000 денари за навремено и квалитетно извршување на работите пред истекот на нејзината важност спротивно на законот за јавни набавки и договор со изведувачот.

Министерството во 2012 година го раскинало договорот со изведувачот поради неисполнување на обврските од договорот и прекршување на рокот за изведување на работите. За реконструкциите на болните биле спроведени нови постапки по јавни набавки и биле склучени договори со други изведувачи.

Финансиската полиција ги товари двајцата осомничени дека со неактивирање на банкарската гаранција го оштетиле буџетот за околу 62.000 евра.

Превземено:од 24 мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here