дома Балкан Катимерини: Две сценарија за Македонија доколку не го промени уставот

Катимерини: Две сценарија за Македонија доколку не го промени уставот

1351
0
АКЦИЈА

Меѓународен договор што ќе го склучи ПЈРМ и ќе се достави до сите меѓународни организации (НАТО, ЕУ и ОН) е алтернативниот план што се наоѓа на преговарачката маса, доколку не е изводливо веднаш да се направат уставни промени,односно пред јулскиот НАТО Самит, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во изминатите 24 часа грчкиот весник во два различни текста, потпишани од двајца различни новинари објави две различни сценарија доколку до НАТО Самитот, Македонија не успее да заврши со уставните промени што ги бара Атина.

Во денешниот текст под наслов „План Б за да се откочи скопското прашање“, новинарот пишува дека грчката страна разгледува 2 опции, едната да има уставна промена пред НАТО самиот во јули, а според другата, станува збор за алтернативен план доколку не е изводливо веднаш да се направат уставни промени.

– Второто сценарио е тоа со Меѓународен договор што ќе го склучи ПЈРМ и ќе се достави до сите меѓународни организации (НАТО, ЕУ и секако ОН). Преку овој правен текст, соседната земја, во суштина се обврзува да ги направи оние промени што се неопходни за да се задоволат условите на конечниот договор меѓу Грција и ПЈРМ, меѓу кои секако е вклучен и условот ерга омнес, севкупна употреба и во внатрешноста и надвор, пишува грчкиот весник.

Вчера, пак, „Катимерини“ во текстот потпишан од друг новинар, излезе со друго сценарио – Македонија да добие „надграден“ однос со Алијансата и комплетна интеграција по завршувањето на уставните промени.

– Во јадрото на преговорите се наоѓа предлог според кој во меѓународниот договор на двете земји ќе се презема обврската за промена на Уставот на ПЈРМ, како и за регулирање на соодветните процедури. Врз основа на договорот, на Самитот на НАТО во јули, на ПЈРМ ќе ѝ се даде „надграден“ однос со Северно атлантскиот сојуз, но и јасна обврска за комплетна интеграција штом се заврши со уставната ревизија, напиша вчера „Катимерини“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here