дома Забава Вечерва во Кинотека на Македонија гостин со причина Лордан Зафрановиќ а уредник...

Вечерва во Кинотека на Македонија гостин со причина Лордан Зафрановиќ а уредник со причина Игор Иванов-Изи

259
0
АКЦИЈА

Денес, 3 април (вторник), на програмата на Кинотека на Македонија ќе ги погледнеме филмовите:ОКУПАЦИЈА ВО 26 СЛИКИ на ЛОРДАН ЗАФРАНОВИЌ и УБАВИЦАТА НА ДЕНОТ на ЛУИС БУЊУЕЛ.

ГОСТИН СО ПРИЧИНА: ЛОРДАН ЗАФРАНОВИЌ
3 април (вторник) 19:00 ч.
ОКУПАЦИЈА ВО 26 СЛИКИ
(OKUPACIJA U 26 SLIKA / OCCUPATION IN 26
PICTURES)
Игран филм, Југославија
1978 г., 116 мин., колор, 16 мм
режија: Лордан Зафрановиќ (Lordan Zafranović)
сценарио: Мирко Ковач, Филип Давид, Стипе
Гурдулиќ, Лордан Зафрановиќ (Mirko Kovač, Filip
David, Stipe Gurdulić, Lordan Zafranović)
улоги: Фрањо Ласиќ, Милан Штрљиќ, Тања
Побержник ( Franјo Lasić, Milan Štrljić, Tanja
Poberžnik)
Еден од најконтроверзните филмови во
Југославија. Филм што предизвика бурни
реакции (позитивни и негативни) веднаш по
прикажувањето.
Тројца млади луѓе, Хрват, Италијанец и Евреин,
се најдобри другари во предвоениот Дубровник.
Кога нивната држава е окупирана од нацистите и
нивните сојузници, идиличниот град станува место
на терор и немилосрдни масакри. Пријателите
мораат да заземат различни страни во светскиот
конфликт.
ОКУПАЦИЈА ВО 26 СЛИКИ влезе во селекцијата на
Канскиот филмски фестивал во 1979 година. А на
фестивалот во Пула освои награди за најдобар
филм, режија и за камерата на Карпо Година.

УРЕДНИК СО ПРИЧИНА: ИГОР ИВАНОВ-ИЗИ
3 април (вторник) 21:30 ч.
УБАВИЦАТА НА ДЕНОТ
(BELLE DE JOUR)
Игран филм, Франција / Италија
1967 г., 100 мин., колор, блуреј
режија: Луис Буњуел (Luis Buñuel)
сценарио: Жозеф Кесел, Луис Буњуел (Joseph Kessel,
Luis Buñuel)
улоги: Кетрин Денев, Жан Сорел, Мишел Пиколи
(Catherine Deneuve, Jean Sorel, Michel Piccoli)
Младата домаќинка Северин е во брак со богат
париски хирург, но со него не може да создаде
интимна врска. Додека нејзиниот сопруг е на
работа, таа своите пладниња ги пополнува со
елитна проституција, користејќи го псевдонимот
Бел де Жур (Belle de Jour). Северин доживува тајно
еротско жртвување кое е длабоко поврзано со
злоставувањата од нејзиното детство што избиваат
на површината во форма на вознемирувачки
присетувања. Буњуел вешто ги меша реалноста и
кошмарите кои се случуваат во замоци, правејќи
целиот филм да потсетува на Маркиз де Садовска
романс

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here