дома Вести Палестинците: Ники Хејли е амбасадорка на мрачната идеологија

Палестинците: Ники Хејли е амбасадорка на мрачната идеологија

567
0
АКЦИЈА

Палестинската управа ја осуди амбасадорката на САД во УН Ники Хејли, опишувајќи ја како “амбасадорка на анимозитетот, омразата и мрачната идеологија”, откако таа ја блокираше осудата за Израел во Советот на безбедноста.

Палестинската страна ја смета Хејли за одговорна што не е усвоено соопштението во кое Изреал се осудува за смртта и ранувањето на палестинците за време на масовните протести во петокот на границата со појасот Газа и Израел.

“Американската амбасадорка инсистира да завзема позиција на подршка на окупаторот и во одбрана на неговите злосторства и кршење права”, наведено е во соопштението на палестинското Министерство за надворешни работи.

Осудувајќи ја Ники Хејли дека завземала “безочна непријателска позиција” против Палестинците, Министерството ја оптужи за “слепа пристрасност во корист на Израел и неговите злосторства”.

САД во саботата го блокираа нацрт соопштението на Советот на безбедноста на УН, кое го предложи Кувајт, во кое се повикува на воздржаност и истрага на судирите на границата Газа.

Најновиот напад на палестинската управа над Хејли се смета за знак на криза помеѓу палестинското раководство и администрацијата на САД настаната откако американскиот председател Доналд Трамп 6. декември го призна Ерусалим како главен град на Израел.

Палестинците во источниот дел на тој град, кој Израел го анектираше 1967. година, планираат седиште на својата идна држава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here