дома Вести Опозицијата се враќа во законодавниот дом со барање за интерпелација

Опозицијата се враќа во законодавниот дом со барање за интерпелација

307
0
АКЦИЈА

-Оваа влада е најнеспособна од независноста на Македонија. Криминалот и корупцијата станаа заштитен белег на оваа Влада и мора да си одат. На надворешен план водат штетна политика без резултати, а на внатрешен план политика без концепт и сериозна идеја, рече вчера Мицкоски.

Седницата на Собранието на која ќе се најдат реформските закони треба да се одржи на 10 или 11 април. Ова е еден од заклучоците на денешната средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи, на која не присуствуваше претставник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пренесе МИА.

Враќањето на опозицијата во работата на Парламентот беше најавено синоќа од лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, но како што посочуваат од пратеничката група тие ќе се вратат во Собранието со една точка, а тоа е интерпелацијата на Владата.

-Оваа влада е најнеспособна од независноста на Македонија. Криминалот и корупцијата станаа заштитен белег на оваа Влада и мора да си одат. На надворешен план водат штетна политика без резултати, а на внатрешен план политика без концепт и сериозна идеја, рече вчера Мицкоски.

Очекувањата се дека деновиве ВМРО-ДПМНЕ ќе го изготви предлогот, но не се знае кога ќе биде доставен до архивата на Парламентот. Седницата треба да биде закажана најдоцна во рок од три дена по поднесувањето.

Од ВМРО-ДПМНЕ, сепак, велат дека нивните очекувања се дека седницата за недоверба на Владата би била по велигденските празници, пренесе МИА.

Дали ќе учествуваат на седницата со реформските закони, за кои Мицкоски синоќа рече дека речиси се усогласени, оттаму велат дека ќе учествуваат доколку претходно се одржи седницата за интерпелација на Владата.

Тоа би значело дека доколку пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе иницијативата за интерпелација на Владата пред Велигден седницата да биде закажана на 10 април, а веднаш потоа на 11 април да биде закажана седницата за реформските закони.

Од владејачкото мнозинство брифираат дека сакаат овие закони да бидат донесени до 13 април, пред Извештајот за напредокот за земјата на 17 април.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here