дома Живот Океанот на нееднаквоста

Океанот на нееднаквоста

843
0
АКЦИЈА

Зошто само 2 проценти на денешната човечка популација поседува дури 98 проценти од севкупното светско богатство? Иако прашањето е заправо анегдотално, тешко проверливо, нееднаквоста и порастот на разликите помеѓу најбогатите и сиромашните е голема, укажуваат бројни економски параметри.

Сега им се придружуваат и нови, контраверзни истражувања на еволуционите психолози кои откриваат како луѓето наводно сакаат да бидат – нееднакви.

Еве едно поуздано впоредување. Само осум конкретни луѓе денска поседуваат вкупен имот од 350 милијарди долари. Истовремено, дури 3,5 милијарди луѓе, половина од севкупната денешна човечка популација, заедно има исто толку богатство колку што вреди имотот на групата од осум милијардери.

Колку ве нервира тоа? Нееднаквоста е, без никаков сомнеж, една од најголемите болести на модерното време – како збирен резултат на колонијалните освојувања во минатото, војната надмоќ, необразованието и разните болки на современиот капитализам, милијарди луѓе во неразвиениот дел на светот денес живеат во потполна беда. Со тоа, разликата меѓу примањата на богатите и сиромашните се зголемува, постанувајќи “корен на секое друштвено зло”.

Меѓутоа, когнитивниот психолог од универзитетот Џејл и еден од модерните експерти за нееднаквост, Марк Шескин представува едно поинакво видување за кое пишува во новиот број на магазинот New Scientist, во авторски темат под име The inequality delusion. Тој, имено, тврди дека иако ги тиштат се поголеми социјални разлики, луѓето заправо сакаат општество во кое владее нееднаквост.

Еве затоа и друг пример – школско одделение каде што учениците покажуваат различни резултати на тестовите, но каде владее потполна еднаквост и сите добиваат исти оценки – без обзир колку знаат, сите се оценети со тројка. Колку ве нервира таква ситуација? Шескин тврди дека луѓето воопшто не сакаат општество во кое владее таква “нефер еднаквост”. И дека заправо – неа ја презираат повеќе од нееднаквоста.

Разноврсни и бројни истражувања дури повеќе од десет години покажуваат дека луѓето се спремни и сами да изгубат, ако тоа доведува до тоа распределбата да биде фер. Обично се смета оти фер се расподелиле луѓето во тек на еволуцијата бидејќи таа на сите им го олеснува преживувањето и оти таа е во самата своја срж на меѓучовечките односи и чуството на морал.

Истражувачите како Шекин отидоа чекор понатаму и дојдоа до заклучок – дека чесната расподелба е наводно поважна и од чусвтото на еднаквост.

„Нема докази дека луѓето фи погаѓа економската нееднаквост сама по себе“, заклучува Марк Шескин во својот текст во престижниот магазин Nature кој го објавил со двајца колеги минатата година.„Луѓето пред се ги погаѓа нешто друго, нешто што е често помешано со нееднаквоста: економската нечесност“.

Вакви заклучоци секако се интересни, но не се критикувани без причина – како и многу друго во еволуционата психологија треба да се земат со извесна резерва. Притоа, сосема е јасно дека имаат политички импликации и ги донесуваат до сомнеж социјалистичките друштва како такви.

И можат да бидат прочитани на следниот начин – дека со законските регулативи, религиските доми и обичаи постои и научно втемелување за понатамошно богатење на оние кои се веќе многу богати. Секако, не мораме да ги читаме на тој начин.

Балкански глас на вистината во соработка со белградскиот портал: НАУКА КОРЗ ПРИЧЕ-НАУКА НИЗ ПРИКАЗНИ ви го пренесува интегралниот текст: https://naukakrozprice.rs

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here